По UWC

По UWC

Матурирањето на UWC е само почеток на едно ново животно патување.

Учениците заминуваат од UWC не само со трајни пријателства и образование – туку и со IB диплома (International Baccalaureate), глобално призната квалификација која отвора врати до врвни универзитети ширум светот. Многу матуранти од UWC добиваат и универзитетски стипендии, вклучително и преку партнерства со водечки институции кои го вреднуваат UWC искуството.

Нашите алумни имаат можност и да се вратат во Македонија, бидејќи IB дипломата е призната и од македонските универзитети. Низ годините, многу ученици се вратиле дома со академско и лично изградено искуство. Тие носат глобална перспектива во своите заедници и често стануваат лидери во локални иницијативи, студентски групи или истражувачки проекти.

Влијанието на UWC образованието оди подалеку од академското знаење. Без разлика дали продолжуваат со студии, работа или волонтерство, матурантите го носат со себе духот и вредностите на UWC: посветеност кон мир, одржливост и влог кон подобра иднина.

Во секоја област и регион, алумните на UWC продолжуваат да создаваат позитивни промени во своите заедници и пошироко – покажувајќи дека UWC приказната не завршува со матурирањето, туку токмѕ тогаш започнува.

Secret Link