
Податоци за контакт – ТЕЛ: +374 60 750 800
МејлСместен во Дилиџан, Ерменија—на античкиот Пат на свилата и на крстопатот меѓу Европа, Блискиот Исток и Русија—UWC Дилиџан ја претставува идејата за интернационализам и пријателство меѓу народите. Како единствен UWC колеџ во постсоветскиот простор, училиштето има за цел преку образованието да придонесе кон градење мир и поттикнување одржлив социјален, економски и еколошки развој, како во регионот, така и во светот во целина.

Податоци за контакт – ТЕЛ: +374 60 750 800
МејлНашите ученици ја следат меѓународната матура (IB), која е составена од три основни компоненти и шест предметни групи.
Просечна големина на класот: 14 ученици
Сите ученици на UWC завршуваат воншколска програма наречена Креативност, Активност и Волонтирање (CAS) – составен дел од IB квалификацијата.
Воншколската програма на UWC Дилиџан се состои од 4 елементи—CAS, проектни недели, фокус недели и културни викенди. Учениците тесно соработуваат со локалната заедница во Дилиџан и во соседните села, ангажирајќи се во активностите на организациите кои работат со деца и обесправени луѓе. Надворешни актовности кои UWC Дилиџан ги нуди вклучуваат пешачење, скијање, едрење, и пештерски експедиции. Директниот пристап до природата инспирира тим-билдинг и посилен интерес за животната средина.
Кошарка
Фудбал
Танцови клубови
Одбојка
Прва помош
Пливачки клуб
Уметност во заедницата
Керамика со заедницата
Столарство
Колеџ хор
Правење на филмови
Дебатен клуб
DiliMUN (Модел на Обединетите Нации)
Кодирање
Веб програмирање
Роботика
Тедкс
Јазични курсеви – англиски, руски, кинески, шпански
Наука со заедницата
Пливање за членовите на заедницата
Клуб на Црвениот крст
Служба во невладината организација Мост на надежта
Cineclub за деца од локалната градинка
Peer Listeners
Работа со бегалци
Рацете за младите
Наука со локалните деца
Програми за стаклена градина и одржливост
Студентско кафе
Училишна работилница
Врвниот кампус е сместен на осум хектари ридска и шумска природа, лоцирана во Националниот парк Дилиџан. Неговиот архитектонски дизајн, кој ги следи најнапредните еколошки стандарди, обезбедува пристап до знаење насекаде, во секое време преку технологија која ја поттикнува континуираната и адаптивна средина за учење.
24/7 Медицински центар
Кафетерија
Отворени тениски и кошаркарски игралишта
Фудбалски терен според FIFA стандард
Градини и стакларници
Затворен спортски комплекс: загреан базен, теретана, простори за вежбање и повеќенаменска спортска сала
Театарски Black Box
Уметничко студио
Музичка соба
Темна соба
Соба за керамика
Соба за 3D печатење
Столарска работилница
Имаме модерни, добро опремени станбени објекти и учениците живеат во еден од шесте сместувања, познати како “Туни” (ерменски збор за дом). Обично, учениците се сместени по двајца или четворица во соба, а користат заеднички тоалети. Ние даваме се од себе да обезбедиме мешавина на ученици—по земја, култура или јазик—во секоја соба за да се поттикне меѓународното разбирање.
Учениците се враќаат дома за зимскиот и летниот распуст, освен ако не се во можност. Во таков случај, училиштето им помага или да најдат семејство-домаќин или да изнајмат заеднички стан со други ученици.
Училиштето ја поддржува академската и емоционалната благосостојба на учениците преку:
Можете да аплицирате на UWC Dilijan преку националниот комитет на UWC или преку UWC Global Selection Program.