Што правимеUWC logo

Што правиме

Македонскиот национален комитет е составен исклучиво од поранешни ученици од Македонија на еден од колеџите, кои волонтерски го водат селекцискиот процес за идни македонски ученици на UWC. Ние ги составуваме и евалуираме апликациите, ги организираме и спроведуваме интерјувата и сме единствениот канал за комуникација помеѓу апликантите од Македонија и колеџите.

Македонскиот Национален Комитет е оформен во 2010 согласно вредностите на UWC движењето. Комитетот се обврзува на фер и транспарентен изборен процес на учениците, како и застапување на вредностите на UWC на територијата на Република Северна Македонија.  

Кој го формира Националниот комитет?

Нашиот Национален комитет на UWC е составен од поединци кои ги споделуваат мисијата и вредностите на UWC. Тие вклучуваат:

Нашата историја и влијание
Нашата посветеност
Вклучи се

Националниот комитет на UWC во Македонија има 15+ активни членови – лица кои активно учествуваат во активностите на комитетот во текот на целата селекциска година, која започнува во август и завршува следното лето – и поддржувачи.

Алумни кои немаат време да бидат членови сепак може да го поддржат националлниот комитетот — на пример, можат да се вклучат во промотивни или активности за прибирање средства, но не можат да учествуваат во формалниот процес на селекција, кој е резервиран само за активните членови.  

Главниот критериум за станување член на Националниот комитет е најмалку 2 години континуирана вклученост во UWC движењето. Примери за таква вклученост се:

Покрај ова, сите членови на Националниот комитет во моментот на зачленување мора да имаат барем 18 години.

По навршувањето на двегодишниот период на вклученост во UWC движењето, алумните можат да го известат Националниот комитет за нивната намера да се вклучат во Националниот комитет така што ќе објаснат како го исполниле горенаведениот критериум.

На почетокот на секој селекциски процес, повик за активни членови за претстојниот селекциски процес ќе биде испратен до сите алумни. Зависно од бројот на заинтересирани и потребниот број на членови, селекцијата ќе биде направена од страна на активните членови од претходниот селекциски процес.

Secret Link