Артан Кадриу
Љубопитност
Македонскиот национален комитет функционира со хоризонтална структура. Наместо да избираме претседател или слични официјални позиции, членовите еднакво ги распределуваат улогите во комитетот.
Filter
Љубопитност
Љубопитност
Љубопитност
Додека разговараме, Артан се движи од една идеја до друга. Тој е начитан и принципиелен 17-годишен: низ муабет, го анализира филмот “Snowpiercer” (метафора за социјална сегрегација) и ми кажува за политичките теории за развојот на демократијата.
Неговата приказна започнува во Морани, село во предградието на Скопје. Тој израснал во мала заедница, каде што сите се познаваат. Начинот на кој тој го опишува своето село потсетува на друга мала заедница: UWC. Во Морани, поголемиот дел од детството го поминал во ценење на природата. “Кога бев мал, одгледувавме лубеници”, ми вели тој. Го радува можноста да ја одржи врската со родното село за време на неговиот престој во Сингапур.
Пред да се качи на автобус во 6 часот наутро до „Зеф Љуш Марку“, неговото училиште во Скопје, Артан често одел на прошетка. Гледајќи го изгрејсонцето го смирувало (“после него секогаш чувствував мир во себе”), што често било многу потребно.
Артан обожава да чита. Во својата апликација, тој вели дека книгите го научиле “да слушам пред да зборувам”. Желбата за учење доаѓала одвнатре, иако околностите не биле секогаш соодветни. Но тој нашол начини и ја искористил својата љубов кон читањето за да создаде заедница околу него. Во седмо одделение, Артан ја донел книгата “Хари Потер” со него на училиште. Повеќето од соучениците го гледале филмот, но не знаеле дека “Хари Потер” е базиран на серија на книги. Артан предложил да читаат заедно. Со ова, била создадена група на студенти заинтересирани за читање, а некои ученици дури отишле со него во библиотеката во Скопје за да позајмуваат книги.
Иако не е познато кога ќе пристигне на UWC – Сингапур го замрзна процесот на добивање визи – Артан има јасна визија. Тој ги знае неговите предмети (вклучувајќи ги глобалната политика, физиката, како и неговиот мајчин јазик, албанскиот) и можеби сака да студира на универзитет во САД. Американската наставна програма, каде што можете да учите многу полиња истовремено, ја буди неговата љубопитност. Го прашав дали планира да се врати во својата татковина. Без двоумење, ми вели “апсолутно да”. Имаме многу да направиме овде во Македонија, вели тој, особено во образовниот систем. (Брзински ми листа неколку предлог-реформи — вклучувајќи намалување на бројот на предмети и дополнителна обука за наставници.) “Ние го избираме лесниот начин кога одлучуваме да емигрираме, наместо да останеме во нашата татковина и да работиме за да ја промениме”, ми рече тој. Но промената често бара жртва. Како што рече претседателот Џон Ф. Кенеди, “Не прашувајте што вашата земја може да направи за вас..” Артан се надева дека и другите ученици кои имаат можност да завршат средно во странство исто така ќе се вратат во својата татковина. Како што завршувавме, го прашав Артан каков совет би си дал за иднина. Тој одговори кратко и јасно, “Немој да ги заборавиш своите цели”.
Комуникација
Комуникација
Марија верува во моќта на комуникацијата.
“Не се работи за тоа колку големи зборови користите, или колку е долга реченицата”, вели Марија, на нејзин типичен аналитички начин. Минатата година, нејзиниот тим го освои националното првенство во дебата, но таа не запре. Продолжи да се натпреварува и оваа година, а на 18 јуни, Марија беше прогласена за најдобра средношколска говорничка во земјата.
Растејќи, 17-годишната дебатерка сакала да се вклучи во заедницата, но за жал, понекогаш контекстот тоа не и го дозволувал. “Ме фрустрираше кога гледам дека треба да имаш 18 години, или да си во средно училиште, за некаде да се придружиш. Ќе си помислев: ‘како така јас не можам да го направам ова?’” Нејзината вклученост во заедницата продолжува низ целото средно образование: “Така почнав да ги формирам своите мислења и да се развивам како личност”. Поради искуствата што ги имала, Марија е фантастичен муабетџија: зборувавме на теми кои се движат од исландскиот еп што таа моментално го чита, до придобивките од практикувањето јога.
Оваа година, Марија беше асистент-инструктор во Младинскиот образовен форум (МОФ) и сака да продолжи да прави нешто слично на Нордискиот UWC на Црвениот крст. “Кога правам нешто, го правам затоа што уживам во тоа… Секоја воннаставна активност од која сум била дел сум ја избрала бидејќи ми се допаднала и била нешто што сум го сакала”. Иако дебатата е причината зошто таа се приклучила на МОФ, истомислениците таму се причината поради која останала.
За Марија, има огромна разлика помеѓу мислите и начинот на кој ги комуницирате. Затоа таа им се восхитува на музичарите и авторите кои лесно ги изразуваат своите мисли. Раперот Кендрик Ламар, на пример, “знае како да ја пренесе својата поента во неговите песни без да ве натера да се чувствувате нападнати”. Низ муабет за “Да се убие подбивна птица” ми рече “многу луѓе имаат “точни“ идеи. Но вистинската вештина лежи во тоа како ги изразувате. Јас ги споделувам мислењата на Харпер Ли, но не би знаела како да ги формулирам на истиот начин. Тоа е толку убава вештина – да изразиш мисла и другите луѓе да ја разберат”. Се разбира, Марија скромно се воздржа од споменување дека самата може мошне вешто да комуницира, иако судиите на дебатата очигледно веднаш тоа го сфатиле.
Норвешката амбасада сè уште не почнала да издава визи, па Марија не е сигурна кога точно ќе може да стигне до нејзиниот колеџ. Веќе размислува за неколку алтернативи. “Секогаш сакам да имам различни опции. Јас не сум тип на личност која е врзана за рутина, поради што претпочитам да имам многу резервни планови наместо еден.“ Таа веќе се одлучила за предметите кои ги зема: глобална политика, историја и англиска литература на повисоко ниво. “Знам дека нема да биде лесно, но, на некој начин, сè е предизвик. Не можам да избегнам тешки теми… Не би сакал моите опции да бидат ограничени само затоа што бев премногу мрзлив да уча повеќе”.
Марија не е сигурна што ќе прави во иднина, но што и да е, сигурна е дека тоа ќе вклучува помагање на луѓето. “Треба да знам дека она што го правам е, на некој начин, корисно. Не сакам да работам само за да можам да ги плаќам сметките. На крајот од денот, сакам да се чувствувам како да имам моќ да направам разлика. Сакам да знам дека сум направила нешто што влијае позитивно на другите луѓе. ”
Интроспекција
Интроспекција
Весна е интроспективна.
Додека раснела во Валандово со две сестри, Весна имала многу време за размислување. “Мислам дека кога луѓето го слушаат ‘Валандово’, тие мислат на град, но тоа е навистина доста рурална средина. Ние имаме булевар, но кочии влечени од четириноги животни го користат секој ден”. Пред неколку години, нејзините сестри пронашле неколку беспомошни мачиња на нивната улица. “Моравме да се грижиме за нив, но моите сестри заминаа во странство, а мачињата останаа со мене. Научив за хранењето и грижата поради нив”. Во овој контекст, Весна разви чувство на емпатија кое се протега надвор од животните.
“Единственото нешто што знам дека нема да се промени е дека хуманитарната работа ќе биде дел од она што ќе го направам. Помагање на луѓето, животните – тоа е она за што сум заинтересиран”. Седумнаесетгодишната средношколка длабоко размислува за нејзината улога во заедницата. Иако скромно спомна дека не знае како ќе се вклопи на колеџот во Мостар, Весна знае дека ќе ја искористи можноста да придонесе кон местото каде што пораснала. “Имам намера да се вратам дома. Ако секој само размислува да оди на “подобро место” и да не помогне да се подобрат работите на местото од каде што дошол, навистина нема смисла. Мојата цел е да се образувам подобро и да се вратам во заедницата каде што пораснав. Дефинитивно имам намера да живеам овде”.
Поврзаноста со околината околу неа е особина која произлегува од нејзиниот семеен контекст. Уште на рана возраст, Весна почнала да ја цени уметноста. Свири на гитара и пее. Заинтересирана е и за фотографија и сликарство, бидејќи нејзините татко и дедо уживале да сликаат. “Тоа не ми беше наметнато, тоа беше само уметничка форма која беше достапна, она што можев да ја видам… Стана еден вид хоби да фотографирам пејзажи и да ги сликам реалистично колку што можем. ” Поради ова, Весна ќе ги зема визуелните уметности заедно со политиката и англискиот јазик во Мостар.
Весна е уникатно интроспективна. Таа вели дека има една мана: “Не сум особено отворена да зборувам со луѓето за себе додека не ме прашаат нешто”. Сепак, таа отворено зборуваше за нејзината претстојна транзиција во Мостар (“иако верувам дека сум добро организирана, мислам дека сето тоа ќе се промени штом стигнам таму”), за нејзиниот однос со нејзините сестри (“без нив, јас немаше да бидам личноста што сум денес”) и за нејзината тенденција да се потценува себеси (“пропуштив работи кои можеа да станат дел од мојот живот само затоа што мислев дека нема да успеам.”)
Поминавме голем дел од разговорот зборувајќи за суровоста кон животните. Весна лесно се противеше на тестирањето врз животни (спомна дека почнала да ги развива своите аргументи додека се обидувала да ги убеди своите сестри) и често се враќа на нејзината основна мотивација: јасен морален компас. Весна се грижи за животните, како и за нејзината заедница, “бидејќи тие се живи суштества! Многу е едноставно.”
Мотивација
Мотивација
Матеја е мотивиран.
“Почнав да пливам бидејќи не бев добар во ниту еден спорт кој вклучува топки”, се шегува 17-годишниот Матеја, член на националниот пливачки тим. Плива цел живот и бил успешен во сите пливачки категории на многу национални и меѓународни натпреварувања.
Натпреварувачкиот дух на пливањето го обликува како личност. “Многу се лутев кога губев трка. Имав ривал, на иста возраст, со кој пливав од пет години. Ќе се изнервирам секогаш кога ќе ме победи и ќе се погрижам да го победам во следната трка, но потоа тој исто така ми се одмаздуваше и тоа ќе трае вечно. Никој од нас никогаш не се откажуваше”.
Иако планира да го посвети поголемиот дел од своето време на учење и создавање нови пријатели на UWC Тајланд, Матеја не сака да се откаже од пливањето. Вредностите на тимската работа и самодисциплината кои ги развил преку пливањето влијаеле на други аспекти од неговиот живот, особено неговата желба за нови искуства и предизвици. Матеја е многу возбуден што е дел од разновидното студентско тело на UWC Тајланд. “Член на Националниот комитет ме запозна со неговиот пријател од Тајланд, кој за возврат ме запозна со момче од Шпанија. Шпанецот тогаш ме поврза со 30 други ученици. Сите тие беа многу повеќе поддржувачки-настроени отколку што очекував. Секогаш среќни да помогнат! Веднаш се погодивме.”
Во Тајланд, Матеја одлучил да зема предмети како економија, бизнис и дизајнерска технологија, што ќе му помогне во неговата идна кариера во меѓународниот бизнис сектор. “Бизнисот може да ви помогне да се искачите неколку скали на општествената скала, но секогаш постои ризик од пад. Сепак, мислам дека со истрајност, желба и амбиција, можете да помогнете да се развијат дури и најмалите бизниси и да се подобри животниот стандард.
Матеја мисли дека тоа е одлична можност за приватните компании да бидат активно вклучени во помагање на заедницата. “Големите корпорации не би ги чинело многу да и помогнат на заедницата. Ако, на пример, автомобилска компанија има посебен попуст за луѓето со ниски приходи за да им помогне да си дозволат автомобил, тоа нема да направи голема разлика за профитот на компанијата, но ќе направи светска разлика за многу членови на заедницата.
Новиот колеџ е, секако, доста далеку од дома. Матеја интроспективно зборува за тоа како живеењето во Скопје влијаело врз него: “Тоа го изгради мојот карактер, ми помогна да се чувствувам доволно самоуверен и независен за да одам на место како Тајланд”. ТТажен е што ги напушта своите средношколски пријатели од “Георги Димитров”, но сигурен е дека ќе останат во контакт. Некои од нив веќе направиле планови да го посетат во неговото ново училиште!
Ентузијазам
Ентузијазам
Филип е полн со ентузијазам.
Кога го прашав за неговото идно средно училиште – UWC Мастрихт, Холандија – очите му се ококорија. За време на последното интервју од процесот на селекција, кандидатите имаат добра идеја за тоа на кој колеџ сакаат да одат. Тие обично знаат дали колеџот е во урбана или рурална средина и кои предмети би ги зеле. Ама ентузијазмот на Филип беше различен. Тој веќе знаеше дека сака да оди конкретно во Мастрихт, спомнувајќи ги воншколските активности фокусирани на волонтирање (Филип беше дел од Црвениот крст), проектните недели фокусирани на социјално претприемништво и различните конференции организирани од страна на учениците.
Таа страст не му е само за UWC. Филип е од срце ангажиран во Смојмирово, село во близина на Берово, каде што има пораснато. Тој го опишува Смојмирово како “многу, многу, многу, многу мало место”, каде што “секој секого го познава”. Но, големината на родниот крај не го спречила активно да учествува во научни натпревари. Дури и кога возрасните околу него не го поддржувале – се случило да му се каже “не учи толку многу, излези надвор и се одмори малку” – Филип продолжил да го одржува својот интерес. Веќе во шесто одделение тој стигнал до државниот натпревар по биологија, започнувајќи ја својата долга врска со природните науки.
“Јас сум апсолутно фасциниран од тоа како работи човечкото тело”. Неговото искуство со природните науки го мотивира Филип да студира медицина во иднина. Повторно, со глас полн со радост, ми рече како веќе се подготвува за неговата нова академска програма. Тој практикува германски јазик и ако можеше, би земал четири (наместо три) предмети од повисоко ниво: хемија, биологија, англиски и германски. Додека зборувавме, Филип лесно внесуваше идеи и поединци за кои читаше. На пример, тој ми кажа за Џон Адлер, неврохирург на Универзитетот Станфорд, како пример за можен план за неговата иднина.
Како и секој средношколец, Филип понекогаш не е сигурен. “Не знам со кого ќе се дружам и не знам кого ќе сретнам – сите ние ги имаме овие стравови”. Но, начинот на кој тој се отвори за неговата несигурност и многуте планови што веќе ги направил е знак дека неговото искуство на UWC Мастрихт ќе биде искуство на раст. Тој ми рече дека таквиот раст е потребен за подобрување на локалната заедница. “Ако сакате да ја подобрите ситуацијата околу вас, треба да излезете, да научите, да се вратите назад и да го примените она што сте го научиле.”
На крајот од разговорот, го прашав дали пропуштив нешто. Филип веднаш добил одговор: “Ми се допаѓа психологијата и убиствата… Не, не, не дека сакам убиства! Само сум заинтересиран за психологијата на убијците – изненаден сум од тоа како една личност може свесно да повреди некој друг без да се чувствува лошо”.
Промисленост
Промисленост
Идеите на Дамјан се промислени
Пред да одговори, Дамјан зема здив за да размисли. Израснал во Куманово, град кој ми рече дека е голем дел од неговиот идентитет. Кога апликацијата на UWC го прашала кои јазици го зборува, Дамјан одговори “Македонски (кумановски дијалект)”. Неговото размислување е логично кога ги објаснува јазичните разлики помеѓу литературниот македонски и разговорниот кумановски дијалект, кој задржал некои од падежите кои можат да се најдат во југот на Србија.
“Набљудувањето на таквите разлики ги прави секојдневните работи важни. Има ли нешто посекојдневно од начинот на кој некој зборува?” Фактот дека Дамјан навистина обрнува внимание на светот околу него не е очигледен само кога станува збор за лингвистиката. На речиси секое прашање, тој даде неколку алтернативни одговори. На пример, знае дека ќе избере математика и физика на повисоко ниво во UWC на Јадранот. Сепак, кога ми кажуваше за опциите на општествените науки, Дамјан посочи листа на придобивки за секоја од нив. Истото се случи и во разговорот за воннаставните активности: кајакарење, едрење, пешачење и Моделот на Обединетите Нации беа на листата на можности. Тој ќе чека додека не стигне до UWC пред да донесе конечна одлука.
Откако ќе матурира во Италија, Дамјан се наоѓа себеси во САД. Или во Европа. Или во Куманово. Има добри страни на повеќето опции. И скромно, Дамјан вели, “Постојано ти кажувам ‘Не знам’”. За да го задржи својот уникатен начин на размислување, Дамјан активно бара нови идеи. Тој штотуку го прочитал “Големиот Гетсби“ и гледал филм за Виетнамската војна (кој го импресионирал поради начинот на кој бил прикажан развојот на главниот лик).
Дамјан чита “буквално сè” на интернет. “Понекогаш едноставно ќе се изгубам”, ми рече тој, објаснувајќи статија што ја прочитал за музичката теорија, која звучеше интересно иако не можел целосно да ја разбере. На тој начин, тој го надополнува образованието што досега го стекнал во Американското средно училиште во Скопје. Отвореноста кон нови идеи го прави поподготвен за претстојното искуство во Дуино, и затоа тој веќе има запознаено неколку од неговите идни соученици. “Многу кул ликови. Во секој поглед, постои некој кој се истакнува”. Тој сака да ги сподели со нив аспектите на неговата земја кои се најинтересни за него, како што се демографскиот микс, културните обичаи или интересниот јазик.
Безгрижност
Безгрижност
Мила е навидум безгрижна.
Таа ја започнува речиси секоја приказна со “сакаш да чуеш нешто смешно?” 17-годишната средношколка знае како да ја искористи својата позитивност за да ги направи првите муабети – оние кога разговорот не доаѓа толку лесно – особено лесни. За време на нашето интервју, таа го скрши мразот кога смеејќи се ми се пофали дека паднала од велосипед претходниот ден, па дури и ми понуди да ми ја покаже модрицата.
Мила пристапува кон многу од нејзините авантури со слична леснотија. Иако се нема одлучено кои предмети ќе ги зема на UWC Махиндра во Индија, ми наброја неколку можни кариери кои можеби би ѝ се допаднале. “Најчудното сценарио вклучува хемија и биологија, за да можам да станам зоолог, бидејќи ги сакам животните… Имаше сценарио каде што станувам компјутерски научник, но ме потсетија дека не сум многу добар во математиката”. Мила поминала три години во “Васил Антевски – Дрен”, па исто така е можно да продолжи да студира општествени науки и да студира право после UWC. Ја прашав како планира да одлучи. Таа рече: “Си велам дека ќе видам што секој ден ми кажува. И секој ден, истото – денот не ми кажува апсолутно ништо. Не знам што очекував”.
Нејзината позитивност е особено корисна кога треба да биде посветена кон една цел. Мила, како член на македонската одбојкарска репрезентација, неуморно тренира за да се подобри. Тренинзите, пред да бидат прекинати поради вирусот, се случуваа секој ден и Мила мораше да научи да го балансира училиштето со спортот за да може да го одржи високото ниво на игра. Но, таа исто така е вклучена и во невладини организации: со друга ученичка на UWC, таа модерираше дискусија за театарот на неодамнешниот Еквалис-фест.
Границите на Индија уште се затворени, па додека чека да се чуе од амбасадата, Мила наоѓа начини да го пополни своето слободно време. Само што ја завршила “Лолита” од Владимир Набоков, по што ја почнала “Сапиенс” од Јувал Ноа Харари. Прочитала негативни критики за втората книга, но сепак одлучила да ѝ даде шанса (“отсекогаш сум била добродушна”, се шегува). Кога е дозволено, таа се обидува да продолжи со вежбањето одбојка, а кога не, гледа филмови. Ми спомна дека е заинтересирана за психолошки трилери кои остануваат во умот со денови потоа.
Нејзината позитивност, која беше очигледна во текот на нашиот разговор, и помага да ја помине неизвесноста околу нејзиното пристигнување во Индија. Таа самата ми рече: “Порано бев загрижена и вознемирена за Индија, за кои предмети ќе ги земам, сето тоа. Ама си реков ‘Мила, чекај. Ќе одиш во Индија да учиш со месеци. Зошто не се опуштиш малку сега?’”