Аплицирај за UWC!

Аплицирај за UWC!

Апликацијата за генерацијата 2026-2028 сè уште не е отворена. Ќе се отвори на 10 септември, 2025 година и затвори на 10 ноември, 2025 година во 23:59 часот.

AПЛИЦИРАЈ ТУКА

Можеш да ги најдеш упатствата за апликација на овој линк. Снимка од инфо сесијата која содржи совети за кратките прашања и есеи  може да се најде овде.

Критериуми за аплицирање

За да аплицираш преку Македонскиот национален комитет, треба да ги исполнуваш следниве критериуми:

Упатства за процесот на апликација

Процесот на селекција следи слична структура секоја година.

Апликацијата се отвора на почетокот на есента. Може да се пополни на македонски, албански или англиски јазик. Крајниот рок е од средината до крајот на ноември. Највисоко рангираните кандидати се поканети во вториот круг до средината на декември.

Во првата недела од јануари, кандидатите се поканети на групни дискусии и индивидуални интервјуа на македонски и англиски јазик. Учеството во оваа рунда е задолжително за секој кандидат кој сака да биде поканет во третиот (финален) круг. Кандидатите чиј мајчин јазик не е македонски можат да одлучат да бидат интервјуирани на англиски јазик за двете интервјуа, но македонскиот јазик ќе биде главен јазик за барем дел од групните дискусии. По околу еден месец од овие интервјуа, кандидатите добиваат одговор.   
Највисоко рангираните кандидати од вториот круг (каде што оцените од првиот круг вредат 15% и оцените од вториот круг вредат 85% од вкупната оцена) се поканети на Zoom интервјуа кои се случуваат во средината на февруари. Како подготовка за интервјуата, кандидатите прават видеа (не подолги од 3 минути) за нивниот живот, позадина и интереси. Кандидатите бираат кој јазик го зборуваат во видеото, но мора да понудат македонски или англиски превод. Видеата се користат како основа за прашањата на Zoom интервјуата. Кандидатите бираат дали ќе бидат интервјуирани на македонски или англиски јазик, но изборот не влијае на оцената. Ги охрабруваме кандидати да го одберат јазикот кој им е најудобно да го зборуваат.
По завршувањето на третиот круг, Комитетот носи одлука врз основа на резултатите на кандидатите низ сите три круга. Секој кандидат е рангиран врз основа на неговата или нејзината вкупна оцена и му/и се нуди стипендија во согласност со финансиската состојба на неговото или нејзиното семејство. Откако кандидатот ќе прифати, номинацијата се доставува до колеџот, кој треба да ја прифати. На кандидатите на кои не можат да им се дадат стипендии за еден од колеџите обично им се нуди место на листата на чекање или можност да учествуваат на краток курс. Процесот на селекција официјално завршува на крајот на мај.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.