Во UWC се грижиме сите ученици да се чувствуваат поддржано, инспирирано и добредојдено во својата училишна заедница.
Секое UWC училиште има тим на лице место кој се грижи за добросостојбата на учениците. Тимот може да вклучува (но не се ограничува на): воспитувачи (houseparents), советници/ментори, мрежи за врсничка поддршка, психолози и психотерапевти, декани за ученици, специјалисти за здравје и благосостојба, одговорни за животот во резиденцијата и здравствени работници на кампусот и во локалната заедница.
Им даваме на учениците алатки да размислат за својата улога во заедницата во која живеат и учат. Ги охрабруваме да размислуваат за тоа како се однесуваат со другите и како можат да придонесат за создавање попочитувачка заедница каде што секој се чувствува прифатено. За време на воведувањето (индукцијата) и низ целото UWC искуство, учениците учат како да бидат културно сензитивни и подобри членови на заедницата.
Тимовите за добросостојба редовно се состануваат за да обезбедат и нивната работа да оди во насока на создавање здрава заедница со заеднички цели. Им се овозможуваат и форуми преку кои персоналот за психосоцијална поддршка од сите UWC училишта може да соработува и да си дава меѓусебна поддршка.
Врсничките поддржувачи се група избрани ученици кои се обучени да обезбедат психосоцијална поддршка за своите врсници во различни ситуации кои предизвикуваат стрес за време на нивниот престој во UWC. Во текот на учебната година, овие ученици добиваат супервизија од возрасен ментален здравствен работник кој им помага да се справат со предизвикувачки ситуации и организира работилници според потребите на нивната група и заедницата на UWC Мостар. Многу психолошки студии покажуваат дека младите луѓе полесно ќе се отворат и ќе разговараат со врсници отколку со возрасни. Како дел од обуките и редовните супервизии, Врсничките поддржувачи се охрабруваат да бидат примери за вредностите на UWC и на тој начин придонесуваат за одржување на поддржувачка култура и позитивна атмосфера во училиштето.