Живот на UWC

Живот на UWC

Веруваме дека секој може да одигра улога во создавањето подобар свет – без разлика кој пат ќе го избере.

Секоја година, ученици аплицираат за UWC затоа што бараат предизвик кој ќе ги изнесе од нивната зона на комфор. Тие се подготвени да ги отворат умовите за нови перспективи и да откријат нови вештини и таленти. Тоа е интензивно искуство – но може целосно да го промени начинот на кој го гледаш светот.

Затоа нудиме предизвикувачко и широко образование што ќе ти помогне да ги добиеш потребните квалификации за животот што го посакуваш за себе и промените што сакаш да ги видиш за другите.

Животот на UWC е исполнет со различни искуства и можности. Па, што може да очекуваш кога ќе стапнеш на кампус на UWC?

На академски план, ќе студираш според предизвикувачка програма – International Baccalaureate Diploma Programme (IBDP), или ќе можеш да избереш алтернативен, но подеднакво интензивен образовен пат што некои од нашите училишта го нудат во соработка со IB. Но образованието на UWC е многу повеќе од тоа – тоа е целосно искуство на заедништво. Да се научиш да живееш заедно со ученици од сите континенти, култури и социоекономски позадини е суштински дел од образовниот модел на UWC и нашата теорија на влијание.

Преку работа на проекти со локалната заедница, ќе научиш како твојата страст за промени може да се претвори во конкретна акција. Преку истражување на различни креативни и физички активности – од грнчарство до скијање, од фотографија до планинарење – ќе развиеш нови вештини и ќе бидеш охрабрен/а да ја надминеш зоната на комфор. Преку покренување сопствени иницијативи и проекти заедно со други ученици, ќе растеш како двигател на промени и инклузивен лидер. Живеејќи заедно со ученици од целиот свет, во училишни заедници и заеднички простории, ќе научиш да ги надминеш разликите и да рушиш бариери.

Споделувањето на кампусот со наставниците и вработените е уште еден суштински дел од заедничкиот живот во UWC, кој овозможува учењето да продолжи далеку надвор од рамките на училницата. Без разлика дали ти треба совет за идни планови или помош околу претстојна задача, наставниците ќе бидат присутни за да споделат увид и знаење со тебе – од појадок до вечера. Исто така, многу од твоите активности во рамките на Креативност, Активност и Сервис (CAS) ќе ги споделуваш со наставниците и вработените. Тоа може да значи теренски излети со професорот по биологија, берење во училишната градина заедно со кујнскиот персонал или развивање сопствени проекти или сервис иницијативи со професорот по глобална политика. Ќе можеш да изградиш силни врски со возрасни на кои им веруваш и кои ќе станат важен дел од твојата UWC заедница и патување.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.