Образовен модел

Образовен модел

Во нас има повеќе отколку што знаеме. Ако некој ни помогне да го видиме тоа, можеби никогаш повеќе нема да се задоволиме со помалку.

Kurt Hahn, основач на UWC

Што го прави UWC поинаков?

Ние веруваме дека образованието треба да им помогне на младите да откријат дека промената е можна — и дека тие можат да ја постигнат.

Како ученик на UWC, ќе учиш како да инспирираш промена преку храбри постапки, несебично лидерство и внимателно слушање. Ќе учествуваш во искуства и активности во заедницата, за да бидеш подготвен/а да градиш со самодоверба и да водиш со сочувство.

Како го постигнуваме тоа?

Образовниот модел на UWC се темели на принципи кои помагаат учениците да го достигнат својот потенцијал – академски, морално, социјално и емоционално. Секоја од нашите училишта има свој уникатен идентитет, но сите се поврзани преку заеднички вредности.

  1. Образованието треба да се одвива во разновидна заедница. Учениците се избираат од региони и социјални групи што ги одразуваат тензиите и разликите меѓу луѓето.
  1. Образованието бара активно промовирање на интеркултурно разбирање и вистинска грижа за другите, преку споделени животни искуства и соработка. Ова вклучува дискусија и ангажман со глобални прашања во потрага по мир.
  1. Физичката активност и здравиот начин на живот се суштински за развој на балансирана личност. Нездравите навики го ограничуваат човечкиот потенцијал.
  1. Вклученоста во заедницата е во срцето на животот во училиштето. Ова бара целосно и активно учество на сите членови на заедницата.
  1. Учениците треба да имаат можност да дејствуваат позитивно за прашања поврзани со одржливост – на институционално и на лично ниво.
  1. Учениците мора да имаат можност да практикуваат лична иницијатива, самодисциплина и одговорност, како и да управуваат со ризик и да прифаќаат предизвици. Каде што е потребно, овие можности треба да бидат поддржани од возрасни лица кои нудат сигурност.
  1. Се признава дека секој поединец поседува уникатни таленти и способности. Во секое училиште/колеџ треба да постојат програми кои ќе им помогнат на учениците да го остварат својот потенцијал.

Изградивме образовен пристап и наставна програма врз основа на овие принципи, инспирирајќи илјадници млади луѓе да ги откријат вештините и самодовербата за да донесат промени.

Students interacting with teacher in classroom

По завршувањето на UWC, ќе бидеш подготвен/а да го направиш следниот чекор — без разлика дали тоа е универзитет или друг животен пат. Ќе заминеш со силна академска основа и уште посилно разбирање за себе, за светот околу тебе и за сопствената моќ да помогнеш на другите.

Тоа е образование – создадено поинаку.
Преземи го целиот образовен модел на UWC (англиска верзија)

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.