Досега, Македонскиот национален комитет има испратено ученици речиси во сите колеџи. Секоја година Комитетот располага со различен број места за различни UWC колеџи кои се соопштуваат за време на втората фаза од селекцискиот процес.
Зависи! Скоро секогаш, од сите колеџи кои ни нудат место таа година, комитетот добива најмногу една понуда годишно од конкретен колеџ. Тоа значи дека ти би бил/а единствениот ученик од нашата држава или, доколку добиеме понуди од истиот колеџ две години по ред, би бил/а придружен/а од еден друг соученик од тука. Сепак, често има барем неколку други ученици од Балканот (дури и кога нема други Македонски ученици), па има можност за регионална дружба!
Комитетот им овозможува на успешните кандидати по завршувањето на третата фаза од селекцискиот процес да ги подредат достапните колеџи во соодветната година согласно своите преференци. Овие преференци се земаат предвид при донесувањето на конечната одлука околу распределбата на местата, која сепак ја носи Комитетот.
Ни едното ни другото. Апликантите од трета година средно образование се оценуваат според исти стандарди како и оние од втора година. Апликантите од трета година кои веќе аплицирале неуспешно претходната година смеат да аплицираат повторно и ќе бидат оценувани исклучиво врз основа на прикажаното во актуелниот селекциски процес.
Успешните апликанти од трета година практично би имале 5-годишно средно образование бидејќи Меѓународната матура која се следи на колеџите е во времетраење од две години без оглед на појдовната точка на учениците. Комитетот секоја година добива голем број апликации од ученици од трета година, а воедно и некои од актуелните ученици аплицираа додека беа во трета година и воопшто не жалат за донесената одлука!
Категорично не. Досегашните UWC ученици од Македонија доаѓаат од најразлични градови и рурални средини, како и од различни академски позадини. При разгледувањето на апликациите, Комитетот утврдува исклучиво колку апликантите имаат извадено максимум од средината од која доаѓаат.
Да. Слободно испрати ни порака на нашата фејсбук/инстаграм страница или на нашата контакт адреса во која ќе ни наведеш кој/кои услов/и не ги исполнуваш и зошто сметаш дека поради ова не треба да ти биде ускратено правото да аплицираш, па ќе го разгледаме твојот случај засебно и ќе те известиме во најскор можен рок. Единствените два стриктни услови се апликантите да бидат во втора или трета година средно образование и да поседуваат минимум основно познавање на англиски јазик.
Категорично не. Комитетот не ги зема предвид податоците за финансиската состојба на семејствата на кандидатите пред објавувањето на резултатите од последната фаза од селекцискиот процес. Ваквите податоци се користат дури откако успешните апликанти се веќе познати, односно дури во моментот кога се врши распределбата на успешните апликанти во достапните колеџи за соодветната година.
Селекцискиот процес се врши во целост од страна на Комитетот, кој пак е составен исклулчиво од поранешни UWC ученици од државата. Голем дел од нас сè уште студираат, односно не се значително повозрасни од самите апликанти, што придонесува кон пријатна и опуштена атмосфера во втората и трета фаза од селекцискиот процес!
Точните датуми зависат од достапноста на што поголем број членови на Комитетот, како и од разни логистички аспекти. Иако не можеме да прецизираме точни денови, можеме да потврдиме дека втората фаза ќе се одржи во текот на првите седум дена од јануари, а третата фаза кон почетокот на Февруари.