Македонскиот национален комитет е составен исклучиво од ученици од Македонија на еден од колеџите, кои волонтерски го водат селекцискиот процес за идни македонски ученици на UWC. Ние ги составуваме и евалуираме апликациите, ги организираме и спроведуваме интерјувата и сме единствениот канал за комуникација помеѓу апликантите од Македонија и колеџите.
Македонскиот Национален Комитет е реконструиран во 2010 согласно вредностите на UWC движењето. Комитетот се обврзува на фер и транспарентен изборен процес на учениците, како и застапување на вредностите на UWC на територијата на Република Северна Македонија.
Нашиот Национален комитет на UWC е составен од поединци кои ги споделуваат мисијата и вредностите на UWC. Тие вклучуваат:
Националниот комитет на UWC во Македонија (НК) има активни членови – лица кои активно учествуваат во активностите на комитетот во текот на целата селекциска година, која започнува во август и завршува следното лето – и поддржувачи. Поддржувачите можат да се вклучат во промотивни или активности за прибирање средства, но не можат да учествуваат во формалниот процес на селекција, кој е резервиран само за активните членови.

Главниот критериум за станување член на Националниот комитет е најмалку 2 години континуирана вклученост во UWC движењето. Примери за таква вклученост се:
Покрај ова, сите членови на Националниот комитет во моментот на зачленување мора да имаат барем 18 години.
По навршувањето на двегодишниот период на вклученост во UWC движењето, алумните можат да го известат Националниот комитет за нивната намера да се вклучат во Националниот комитет така што ќе објаснат како го исполниле горенаведениот критериум. По автоматизам, алумните (по навршувањето на двегодишниот период), стануваат пасивни членови.
На почетокот на секој селекциски процес, повик за активни членови за претстојниот селекциски процес ќе биде испратен до сите пасивни членови. Зависно од бројот на заинтересирани и потребниот број на членови, селекцијата ќе биде направена од страна на активните членови од претходниот селекциски процес.