UWC Dilijan

220 Students | 16-19 години

Dilijan, Armenia

2014

Banner imageBanner image

Сместен во Дилиџан, Ерменија—на античкиот Пат на свилата и на крстопатот меѓу Европа, Блискиот Исток и Русија—UWC Дилиџан ја претставува идејата за интернационализам и пријателство меѓу народите. Како единствен UWC колеџ во постсоветскиот простор, училиштето има за цел преку образованието да придонесе кон градење мир и поттикнување одржлив социјален, економски и еколошки развој, како во регионот, така и во светот во целина.

Три уникатни карактеристики
  • Образовен центар: Една од главните цели на училиштето е да придонесе кон развојот на регионот како образовен центар, кој ќе го поттикне напредокот на образованието низ цела Ерменија.
  • Решавање на конфликти: Поради својата геополитичка положба и богатото ерменско историско наследство, UWC Дилиџан нуди уникатна можност за практично искуство во градење мир и решавање конфликти во автентична средина.
  • Глокален пристап: Веруваме во концептот „глокалност“—нашата цел е да бидеме глобално релевантни, а истовремено длабоко вкоренети во локалната реалност. Создаваме средина во која се негува разбирањето на различни култури и се слави различноста.
     
UWC Dilijan

Податоци за контакт – ТЕЛ: +374 60 750 800

Мејл

Нашите ученици ја следат меѓународната матура (IB), која е составена од три основни компоненти и шест предметни групи.

Просечна големина на класот: 14 ученици

меѓународната матура (IB)
Основни компоненти
  • Теорија на знаење: Учениците размислуваат за природата на знаењето и за тоа како вистински го знаеме она што тврдиме дека го знаеме.
  • Опширниот есеј: Независно, самонасочено истражување кое завршува со труд од 4000 зборови.
  • Креативност, активност, услуга (CAS): Студентите учествуваат во голем број искуства и најмалку еден проект.
Предмети
  • Студии по јазик и литература: Ерменска литература, англиска литература, англиски јазик и литература, руска литература
  • Стекнување на јазикот: Англиски B, германски ab initio, јазик и култура, руски ab initio, шпански ab initio
  • Поединци и општества: Економија, Еколошки системи и општества, Географија, Глобална политика, Историја, Јазик и култура, Филозофија
  • Науки: Биологија, Хемија, Физика, Системи на животната средина и општества
  • Математика: Математика – Анализа и пристапи, Математика – Апликации и толкување
  • Уметноста: Визуелни уметности, театар
Воншколски програми

Сите ученици на UWC завршуваат воншколска програма наречена Креативност, Активност и Волонтирање (CAS) – составен дел од IB квалификацијата.

Воншколската програма на UWC Дилиџан се состои од 4 елементи—CAS, проектни недели, фокус недели и културни викенди. Учениците тесно соработуваат со локалната заедница во Дилиџан и во соседните села, ангажирајќи се во активностите на организациите кои работат со деца и обесправени луѓе. Надворешни актовности кои UWC Дилиџан ги нуди вклучуваат пешачење, скијање, едрење, и пештерски експедиции. Директниот пристап до природата инспирира тим-билдинг и посилен интерес за животната средина.

Физички активности

Кошарка

Фудбал

Танцови клубови

Одбојка

Прва помош

Пливачки клуб

Креативни активности

Уметност во заедницата

Керамика со заедницата

Столарство

Колеџ хор

Правење на филмови

Дебатен клуб

DiliMUN (Модел на Обединетите Нации)

Кодирање

Веб програмирање

Роботика

Тедкс

Социјална служба

Јазични курсеви – англиски, руски, кинески, шпански

Наука со заедницата

Пливање за членовите на заедницата

Клуб на Црвениот крст

Служба во невладината организација Мост на надежта

Cineclub за деца од локалната градинка

Peer Listeners

Работа со бегалци

Рацете за младите

Наука со локалните деца

Програми за стаклена градина и одржливост

Студентско кафе

Училишна работилница

Врвниот кампус е сместен на осум хектари ридска и шумска природа, лоцирана во Националниот парк Дилиџан. Неговиот архитектонски дизајн, кој ги следи најнапредните еколошки стандарди, обезбедува пристап до знаење насекаде, во секое време преку технологија која ја поттикнува континуираната и адаптивна средина за учење.

24/7 Медицински центар

Кафетерија

Отворени тениски и кошаркарски игралишта

Фудбалски терен според FIFA стандард

Градини и стакларници

Затворен спортски комплекс: загреан базен, теретана, простори за вежбање и повеќенаменска спортска сала

Театарски Black Box

Уметничко студио

Музичка соба

Темна соба

Соба за керамика

Соба за 3D печатење

Столарска работилница

Сместување:

Имаме модерни, добро опремени станбени објекти и учениците живеат во еден од шесте сместувања, познати како “Туни” (ерменски збор за дом). Обично, учениците се сместени по двајца или четворица во соба, а користат заеднички тоалети. Ние даваме се од себе да обезбедиме мешавина на ученици—по земја, култура или јазик—во секоја соба за да се поттикне меѓународното разбирање.

Учениците се враќаат дома за зимскиот и летниот распуст, освен ако не се во можност. Во таков случај, училиштето им помага или да најдат семејство-домаќин или да изнајмат заеднички стан со други ученици.

Медицински :
  • Наменски изграден 24/7 медицински центар на самиот кампус
  • Доктор и тим на медицински сестри
  • Добро опремена болница во Дилиџан
  • Блиски врски со болниците во Ереван (90 минути возење од кампусот)
Академска и емоционална благосостојба

Училиштето ја поддржува академската и емоционалната благосостојба на учениците преку:

  • Психотерапевт кој го посетува кампусот неделно
  • Советник за благосостојба со полно работно време
  • Средби со ментор за учениците два пати неделно 
  • Раководители кои живат во ученичките домови
  • Врски со регистрирани психијатри во Ереван, доколку е потребна специјалистичка нега
  • Советник за универзитети и кариера со полно работно време
  • Peer Listeners – група на ученици обучени да ги поддржуваат своите врсници

Можете да аплицирате на UWC Dilijan преку националниот комитет на UWC или преку UWC Global Selection Program.

Secret Link